вторник, 26 ноември 2024

Осумгодишно дете загина во руски напад на западот на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Осумгодишно дете загина денеска во напад на руската армија во областа Ивано-франковск, на западот на Украина.

Армијата соопшти дека украинската противвоздушна одбрана успеала да пресретне само една од четирите хиперсонични ракети Кинжал, лансирани од Русија кон областа Ивано-франковск.

Канцеларијата на главниот обвинител објави на Телеграм дека во утринскиот напад руската армија истрелала ракета во правец на инфраструктурата во Ивано-франковск, при што загинало осумгодишно дете.

Според истиот извор, една од ракетите паднала врз куќа на семејство со три деца, каде што спасувачите трагаат во урнатините.

Според началникот на регионалната администрација Свитлана Онишчук, едно повредено дете починало во болница.

Таа ги повика граѓаните да одат во прифатилиштата во случај на итност.

Според Военото воздухопловство на Украина, една ракета „Кх-47“ била уништена над Киевската област, а другите три погодиле цели во близина на аеродромот, цивилната инфраструктура и станбена зона.

Западот на Украина е многу поретко мета на руската артилериска стрелба отколку другите делови на земјата, а фронтот од околу илјада километри е на североисток, исток и југ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ