петок, 8 ноември 2024
Потпретседателот на ДУИ на средба со граѓани

Османи: За прв пат ВМРО-ДПМНЕ битката ја насочи кон ДУИ, нема да дозволиме да излеземе од првата лига

На средба со граѓани, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи потсети дека низ годините прашањето било кој ќе победи, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, а потоа да се разговара дали ќе се коалицира со една од нив. Како што рече, дебатите се воделе меѓу тие две партии, додека ДУИ е константата. А малите „второлигашки“ партиите на Албанците, како што нагласи, се тепаа меѓу себе и чекаа дали една од тие две партии ќе ги внесе во Владата. Овој пат, ВМРО-ДПМНЕ главната енергија ја насочи против ДУИ, со тенденција да се создаваат маалски албански лидери, но ја осознавме таа нивна идеја и нема да им помине, рече Османи.

Објавено на

часот

Сподели

 

„Овојпат трката е меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Зошто? Па видете што јавуваат медумите, видете макар една прес-конеренција. ВМРО-ДПМНЕ не троши толку енергија кон СДСМ колку што троши кон ДУИ. Ние сме во првата лига. Натпреварот е сега меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но, ВМРО е претставник на македонскиот нациопнализам, ама јас го именувам како претставник на антиевропскиот пат на државата. ДУИ од друга страна е предводник на европскиот фронт, најсилно се залагаме за членство во ЕУ. Тоа можеби граѓаните не до крај го забележуваат бидејќи имаме во државата многу случувања“, рече Османи, а за своето обраќање сподели и кус видео-запис.

Според него, бидејќи кај ВМРО-ДПМНЕ енергијата е насочена кон ДУИ, на сцената, како што нагласи, се обидите за фрагментирање на Албанците.

„Фрагментирање во мали партии. Идејата беше да се поттикне создавање на локални лидери за  забавува во секој град, во секое маало, со цел да се загуби целата енергија на Албанците и да немаат претставник во првата лига. Идејата нивна е дека првата лига е само за двете македонски партии“, рече Османи.

Тој нагласи дека лидерот Али Ахмети и ДУИ навреме ја осознаа таа тенденција и успеаја „главнината на албанската сила“ да ја задржи заедно и покрај тоа што, нагласи, 13 партии се произлезени од ДУИ.  

„Затоа што сега Албанците ја имаат историската шанса да се вреднува гласот на Албанците од Куманово до Струга“, рече Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ