петок, 13 декември 2024

Јужнокорејскиот претседател се извини поради својата сопруга: Требаше подобро да се однесува

Претседателот на Јужна Кореја се извини за низата скандали поврзани со неговата сопруга, вклучително и наводното прифаќање на луксузна чанта Диор и манипулација со акции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи ѝ се на нацијата на телевизија, Јун Сук Јол призна дека неговата сопруга Ким Кеон Хи требало да се однесува подобро, но нагласи дека некои од обвинувањата против неа се „претерани“. Претседателот најави дека ќе формира канцеларија која ќе ги надгледува службените должности на првата дама, но го одби повикот за истрага на нејзините активности.

Извинувањето на Јун доаѓа додека тој се обидува да го промени трендот на пад на својата популарност меѓу јужнокорејската јавност, јавува Би-би-си.

Кон крајот на 2023 година, левичарскиот Јутјуб канал „Гласот на Сеул“ објави видео од септември 2022 година на кое наводно се гледа како Ким прифаќа чанта Диор вредна 3 милиони вони (2.000 евра) од свештеник кој сè снимил со помош на камера скриена во неговиот часовник.

Јун во февруари рече дека видеото е објавено како „политички маневар“ и не се извини. Демократската партија на Јужна Кореја, опозиција на конзервативната Партија на народната моќ на Јун, тогаш изјави дека таквиот став е „бесрамен и безнадежен“. И опозициската партија долго време ја обвинуваше првата дама дека е вмешана во манипулации со цените на акциите.

Претходно оваа година, Јун стави вето на нацрт-законот со кој се бараше неговата сопруга да биде под истрага поради обвинувањата. Скандалот, исто така, предизвика поделби во партијата на Јун, при што еден лидер ја спореди Ким со Марија Антоанета, француската кралица озлогласена по својот екстравагантен начин на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ