среда, 11 декември 2024

Нова телефонска линија, стручни совети од ИЈЗ за поддршка при откажување од пушење

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето.

Објавено на

часот

Сподели

Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, соопшти ИЈЗ.

Линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ