сабота, 26 октомври 2024
Украина го одбележува 24 август Денот на независноста

Османи им се приклучи на министрите кои на твитер ја одбележаа независноста на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на одбележувањето, Османи се приклучи на иницијативата на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржаа голем број на министри за надворешни работи. 

Како што информира МНР, Османи се надоврза на нишката од стихови на украинската химна која ја започна Кулеба на неговиот профил на социјалната мрежа „X“, (твитер) а на која се надоврзаа светските шефови на дипломатијата.

н

„Ова е уште еден симболичен гест кој ја потврдува поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина за заштита и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кој е под напад од руската воена агресија“, наведува МНР.

Во знак на поддршка, на зградата на МНР вчера беше поставено и украинското знаме во чест на Денот на државното знаме на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ