„Мировна мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денеска во Мар-а-Лаго“.
We continued the peace mission in Mar-a-Lago. President @realDonaldTrump has proved during his presidency that he is a man of peace. He will do it again! pic.twitter.com/8abVBW7f6r
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 12, 2024
„Разговаравме како да постигнеме мир. Добрата вест на денот: Тој ќе го реши“, објави Орбан на социјалната мрежа Икс покрај фотографијата со Трамп.
Peace mission 5.0
It was an honour to visit President @realDonaldTrump at Mar-a-Lago today. We discussed ways to make #peace. The good news of the day: he’s going to solve it! pic.twitter.com/AiTRsdexM5— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 12, 2024
Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседавање со Европската Унија, Орбан оттогаш отпатува во Киев, Москва и Пекинг, каде што разговараше со Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинеските лидери, како што тврди, за завршување на војната во Украина. Потоа присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.
Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската унија, кои велат дека Орбан не се однесува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно не ја претставува ЕУ за време на разговорите со рускиот претседател Путин, кој пред две и пол години ѝ нареди на руската армија да ја нападне Украина и ја предизвика најголемата војна во Европа од крајот на Втората светска војна.