петок, 1 ноември 2024

Општините денеска треба да објават каде ќе се лепат изборни плакати, рокот за собирање потписи истекува на 8 март

До петок кога истекува рокот,оОстануваат уште пет дена можност, преостанатите четворицаод вкупно 11 кандидати да ги соберат потребните 10.000 потписи за да може да се кандидираат за претседател на државата. Денеска пак, истекува рокот во кој општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Објавено на

часот

Сподели

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски собрал 21.852, а Гордана Силјановска Давкова 28.029 гласови.

Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

За Димитриевски се потпишале 11.601 граѓани, за Османи 11.085, за Јакимовски 10.887 потписи, за Таравари 10.709 потписи и Ванковска Цветковска 10.432 граѓани.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1.596, кандидатот Вело Марковски – 1.466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски кој обвини за нерегуларности во постапката за собирање потписи.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108.409 граѓани.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот рок е на 8 март до полноќ.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 општини и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа за кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Денеска пак, истекува рокот во кој општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Според Роковникот од Државната изборна комисија (ДИК), општините се задолжени да ги објават условите најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до денеска, до полноќ.

Во тек е и увидот во Избирачкиот список, како и пријавите за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори. Според официјалната веб страница на ДИК, досега се пристигнати вкупно 433 пријави од дијаспората, од кои најмногу има од Германија – 68 и од Словенија – 57.

Согласно Роковникот од ДИК, јавниот увид во Избирачкиот список завршува на 18 март, додека доставувањето на пријавите за гласање на изборите од гласачи од дијаспората е до 20 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ