среда, 11 декември 2024

Општина Кисела Вода домаќин на натпреварот Лего предизвик

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој годинава со одржува во ООУ „Кузман Јосифовски Питу” во општина Кисела Вода. Во своето обраќање тој го поздрави македонскиот организатор, Академијата за Роботика и Иновации и укажа на важноста на ваквите натпреварувања во насока на развивање на знаењето, иновативноста и интересот за науката и технологијата кај младите.

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата година, овој уникатен натпревар ги обедини младите од 104 земји, со над 40.000 тимови кои покажаа дека науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) немаат граници. Тоа го прави овој настан вистински мост за знаење, иновации и соработка меѓу младите генерации ширум светот. Посебно се заблагодарувам на Академијата за роботика и иновации, како регионален партнер, за довербата и можноста овој значаен настан да биде домаќин во нашата општина. FIRST LEGO League е повеќе од натпревар – тоа е иницијатива која ги инспирира младите да размислуваат критички, да соработуваат и да развиваат решенија за реални проблеми. Овој пристап преку интерактивно и забавно учење, базирано на пракса, ги подготвува нашите ученици за предизвиците на модерниот свет, додека истовремено ги поттикнува нивната љубопитност и иновативност.

Особено сум горд што четири тимови од училиштата во Кисела Вода се дел од ова натпреварување и што ќе имаат можност да го покажат своето знаење и умешност. Оваа година, темата на натпреварот е Истражување на океаните – срцето на нашиот глобален екосистем. Нашите млади учесници ќе се соочат со предизвикот да создадат решенија кои ќе придонесат за поздрави и почисти океани, што е важна мисија за нашата планета“, рече градоначалникот.

Најдобрите тимови ќе имаат привилегија да ја претставуваат нашата земја на глобално ниво – тимот што ќе го освои првото место ќе се натпреварува во САД, додека второпласираните ќе ја продолжат својата мисија во Грција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ