„Денеска триумфираше улогата на ‘Вреди’ како дел од оваа влада. Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, така и се случи. Денеска од овде порачуваме – албанскиот јазик ќе се унапреди уште повеќе, уште подобро и така ќе биде. Со зборови, но и со конкретни дела ве потсетуваме дека заштитниот столб на Албанците во Македонија е коалицијата Вреди. Ние сме цврсто поставени на заштита и унапредување на правата на Албанците. Затоа имаме целосен капацитет и политички кредибилитет. Јасно и гласно кажавме – Албанците можат да бидат спокојни бидејќи нема да дозволиме неколку луѓе кои крадеа и манипулираат, да ја уништат иднината на еден цел народ. Секој обид за манипулација и криминал ќе заврши таму каде што му е местото, односно пред правдата“, рече Шаќири.
Шаќири потенцира дека функционерите на ДУИ не се борат за албанскиот јазик, туку како што рече, „да ги кријат криминалните дела што ги направиле“.
„Нивните вресоци немаат никаква врска со албанскиот јазик и со Албанците, ниту со нешто албанско. Нивната бучава не е за државата, туку за власта. Повеќе од власта им треба колективна амнезија за да избегаат од правдата. Но, ќе одговараат. Нема каде да избегаат. Ние, како Вреди, нема да дозволиме Албанците да бидат штит за криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ. Се работи за политичка групација чија структура со години беше целосно ангажирана во служба на двајцата братучеди – Груевски и Мијалков. Ова веќе се потврди од стратешкиот сојузник на Албанците – САД. Го прашуваме Али Ахмети, дали Артан Груби дејствуваше под негово раководство кога го спаси Сашо Мијалков од затвор? Ако нема одговор за ова, го прашуваме дали Груби се солидализирал со партијата од сумата на парите што ги добил од Мијалков?“, рече Шаќири.
Уставниот суд на Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.