сабота, 28 септември 2024

Општините Аеродром и Кисела Вода апелираат граѓаните да пријават штети од невремето

Силното невреме проследено со пороен дожд што попладнево го зафати Скопје предизвика значителна материјална штета во општините Аеродром и Кисела Вода при што беа паднати неколку дрвја, на повеќе места беа искршени гранки и беа поплавени дел од улиците.

Објавено на

часот

Сподели

„Екипи на Општината во соработка со МВР веднаш излегоа на терен, каде ги расчистуваат последиците од невремето“, соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму ги повикуваат граѓаните доколку забележат и други оштетувања да пријават на телефонските броеви 072/270 886 или на 112, информираат од Општина Аеродром.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со екипи од општината започнаа со расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода.

„Нема премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш“, рече Ѓорѓиевски.

Тој апелираше сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ