Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка од Куманово.
Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Се очекуваат дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.