понеделник, 14 октомври 2024
Ќе платат од 600 до 3 илјади евра

Три ресторани и месарница во Кавадарци готвеле и продавале небезбеднo месо

На три ресторани и месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Објавено на

часот

Сподели

Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.

Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ