четврток, 24 октомври 2024

Околу 200.000 деца и возрасни биле злоставувани на Нов Зеланд во установи за нега во текот на 70 години

Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон се извини и вети реформи откако со истрага е откриено дека околу 200.000 деца, млади и возрасни од ранливи групи биле злоставувани во државни и верски установи во текот на последните 70 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси едно од три деца и возрасни од ранливи групи кои биле во установи за нега од 1950 до 2019 година доживеале некаква форма на злоставување, се наведува во извештајот на Кралската истражна комисија.

„Ова е мрачен и тажен ден во историјата на Нов Зеланд како општество и држава, требало подобро, решителен сум дека ќе го направиме тоа“, кажа Луксон на конференција за медиумите, пренесува Ројтерс.

Официјалното извинување ќе следи на 12 ноември, додаде тој.

Преживеаните и луѓе кои ги поддржуваат присуствувале на расправата за извештајот во парламентот.

Во извештајот се наведува дека на Нов Зеланд има повеќе од 2.300 лица кои преживеале злоставување.

Детално се опишуваат мачењата и сексуалните злоставувања вклучувајќи силувања, стерилизација, електрични шокови во државни и верски установи за нега, а најмногу случаи биле забележани во 1970-те години.

Особено биле злоставувани новозеландските домородци Маорите, како и оние со ментален или физички инвалидитет, се наведува во извештајот.

Злоставувањето со години било прикривано така што насилниците биле преместувани од локација на локација и ја негирале вината. Многу луѓе починале, не успевајќи да ја дочекаат правдата, се наведува во извештајот.

„Државен срам е тоа што стотици илјади деца, млади и возрасни биле злоставувани и занемарени во програмата за нега во државни и верски установи“, се наведува.

Во извештајот се наведени и 138 препораки, вклучувајќи повици за јавно извинување на владата на Нов Зеланд, папата и други високи црковни функционери на католичката и англиканската црква.

Католичката црква на Нов Зеланд во соопштение наведе дека детално го разгледува извештајот, и дека ќе постапи по наодите.

Англиканската црква на Нов Зеланд наведе во соопштение дека ја презема одговорноста дека како институција не успеала да обезбеди безбедно и безгрижно опкружување за корисниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ