сабота, 9 ноември 2024

Гаши во Латвија: Естонскиот парламент е пример за дигиталиација на македонското Собрание

Во рамки на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига (Латвија), претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Естонија, Лаури Хусар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира собраниската прес-служба, на средбата Гаши се осврнал на процесот на дигитализација како процес којшто постојано се унапредува во Собранието, на предизвиците со кои се соочуваме во процесот на целосна дигитализација на институцијата, како и на тековните процеси и ИКТ-опрема во Собранието во насока на транспарентност на институцијата, достапност на информациите до граѓаните и институциите.

Нагласувајќи дека дигитализацијата на Собранието и заштитата на податоците е еден од приоритетите во неговиот мандат, Гаши искажа увереност дека Собранието треба да ги користи практиките од парламентите кои веќе се искусни во процесот на дигитализација. Спикерот на македонското Собрание, во естонскиот Риигикогу гледа лидер и предводник во дигитализацијата во Европа и пошироко.

Претседателот на естонскиот парламент Хусар искажал благодарност за препознавањето на Естонија за предводник во дигиталната ера, особено во време на развој на вештачка интелигенција и системи за заштита на податоци. Тој го запознал претседателот Гаши со процесите и законските решенија во Естонија во иминативе 25 години. Подвлекол дека дигитализацијата е процес кој бара алокација на значителни буџетски средства, но истите се огромна инвестиција во граѓаните, нивните права и демократијата. Искажал подготвеност за унапредување на парламентарната соработка и интензивирање на контактите на сите нивоа.

Соговорниците се согласиле дека одржувањето самити на парламентарно ниво е дополнителен поттик и мотив за претседателите на парламенти и билатерално да се состанат и да разговараат и за заштита од хибридни закани, дигитализација и унапредување на соработката. Постоењето на групи за соработка меѓу двата парламента, било оценето на средбата, се одлична основа за реализација на соработката во иднина, а Гаши упатил покана до претседателот Хусар за посета на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ