среда, 6 ноември 2024

Канада го намалува бројот на мигранти, ги обвинува за сè што е лошо во државата

Канада значително ќе го намали бројот на имигранти што им дозволува да влезат во земјата за прв пат по неколку години, во драматична промена на политиката од страна на непопуларната влада која се обидува да остане на власт.

Илустрација: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Канада ќе прими 395.000 нови имигранти во 2025 година, 380.000 во 2026 година и 365.000 во 2027 година, што е пад во однос на 485.000, колку имигрирале во северноамериканската земја во 2024 година, според владини извори.

Бројот на привремени жители во Канада, пак, ќе се намали за околу 30.000, на 300.000 во 2025 година, тврди Нашенл пост.

Канада долго време се гордееше како земја целосно отворена за новодојденците, но во текот на изминатата година реториката околу имигрантите се влоши. Мигрантите се обвинети за сè, од станбената криза до зголемените трошоци за живот и преоптоварениот здравствен систем.

Ова прашање стана едно од најспорните во канадската политика со федерални избори закажани најдоцна за октомври 2025 година. Анкетите покажуваат дека сè поголемиот дел од населението мисли дека Канада има премногу имигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ