понеделник, 11 ноември 2024

Руското Министерство за надворешни работи ја коментираше маицата на Зеленски со натпис „Да ја направиме Русија повторно мала“ (ВИДЕО)

Претседателот на Украина за време на вечерното обраќање носеше маица со натпис „Да ја направиме Русија повторно мала“, што наиде на одговор од руското Министерство за надворешни работи.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Володимир Зеленски носеше маица, која очигледно беше направена по примерот на слоганот на Трамп, во видеото објавено на неговите профили на Твитер и Инстаграм, во кое тој зборува за новата американска помош за Украина од замрзнатите руски средства.

„Од Соединетите Американски Држави пристигна важна вест: Америка одлучи да обезбеди 20 милијарди долари. Овие средства се обезбедени од замрзнати руски средства и се дел од одлуката на Г7 да додели 50 милијарди долари за Украина, со цел да се поддржи нашата одбрана и отпорност. Оваа помош навистина ќе нè поддржи, а важно е да се спроведе оваа година. Благодарен сум на САД и на целата група Г7“, рече Зеленски.

Руското министерство веднаш реагираше на натписот на маицата на Володимир Зеленски, нарекувајќи го „кретен“.

„Мала, како што? СССР? Руската империја? О, разбирам! Како Киевска Русија. За тоа ни е потребен Киев. Самиот го кажа тоа, кретен“, рече Марија Захарова, портпаролка на министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ