среда, 20 ноември 2024

„Огнените“ пред формирање политички субјект, Беса им порачува дека заедно ќе победат

Објавено на

часот

Сподели

„Уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните“, изјави Меџити денеска за МИА потврдувајќи дека со процедурите за формирање на нов политички субјект започнуваат од денеска. 

Тој во петокот вечерта, во гостување на албанската телевизија Визион плус, како што пренесе МКД.мк, изјави дека таквото движење ќе го артикулира различното размислување внатре во Демократската унија за интеграција.

„Досега имаше една моќна партија – ДУИ и мали опозициски партии кои не ја одиграа улогата на опозиција. Сега мислам дека ќе има два политички блока меѓу Албанците – тоа ќе биде моќна позиција и опозиција што нужно ќе даде поголем ефект. за Албанците“, рече Меџити и изрази уверување дека политичката сила ќе биде подготвена пред претстојните парламентарни избори.

Но, барем на стартот од формирањето на тоа ново политичко движење или партија, се чини дека позициите на „огнените“ се разнишани и ослабени.

ф

Најнапред, тоа се должи на неодамна одржаните внатрепартиски избори во ДУИ, кои претставуваа и своевидно презапишување на членството, кога на позициите на неколку ограноци беа избрани нови функционери, блиски на лидерскиот двоец Ахмети – Груби, па така на местото на Изет Меџити за претседател на моќниот чаирски огранок е избран некогашниот министер Беким Незири. Сега силата во Чаир останува кај „огнениот “ градоначалник Висар Ганиу.

Од друга страна, „огнениот“ Блерим Беџети, градоначалник на Сарај смета дека не треба да се формира нова партија туку расколот во ДУИ да се реши со демократска дебата и легитимни одлуки.

г

Се чини дека за одлуката на Меџити има и политичко толкување и дека тој чувствува оти веќе формално не е член на ДУИ. Всушност, Бујар Османи, како портпарол на ДУИ по внатрешните избори изјави дека тие претставуваа презапишување на членството.

„Кој се запишал, тој е во ДУИ“, рече тогаш Османи, имајќи предвид дека „огнените“ ги бојкотираа тие избори оценувајќи ги како обична фарса.

Затоа, Меџити најавува формално поднесување оставки во ДУИ и процедура за формирање на политичкиот субјект.

Од друга страна, потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, повеќе пати потсетува на договорот со Алтернатива за заедничко дејствување и за победа над ДУИ. Пред неколку месеци тој за расколот на ДУИ изјави дека се работи за сериозно разидување со „криминалниот врв“ на ДУИ и во интервју за Лајм оценува дека „огнените“ имаат висока цена.

„Дејствувањето на ‘огнената група’ скапо ќе ја чини ‘оската’ Ахмети – Груби, веќе од самите собири во Скопје се гледа оти мнозинството го губат во главниот град. Како што и загубија во Тетово“, рече Лимани, потсетувајќи дека ДУИ на последните локални избори во Тетово доживеа голем пораз токму од Беса, која има и мнозинство во Советот и свој градоначалник, лидерот Биљал Касами.

x

Лимани и сега има свои прогнози. Тој веќе како победничка карта го имаше најавено договорот со Алтернатива за заедничко дејствување, а во интервју за неделникот Фокус вели дека се контактира со огнените и очекува нивно вклучување во битката за пораз на ДУИ.

„Убеден сум дека разговорите ќе завршат со договор, кој ќе служи за заедничко настапување на идните избори, било тоа да се предвремени или регуларни. Доволно е во групата да се заедно Изет Меџити, Висар Ганиу, Башким Асани и претставник на тетовскиот крај, и со нив да се соединиме, за почеток на заеднички листи, и со ова е загарантирана и запечатена победата на обединетите, Движењето Беса, Алтернатива, ‘огнената група’ и разочараните гласачи на Алијанса“, вели Лимани.

Сега треба да се види какви адути чува лидерот на ДУИ Али Ахмети за претстојната „партија карти“, кога и да се одржи таа во форма на избори.

                                                                                                                           П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ