четврток, 21 ноември 2024

Од ноќеска на полноќ мазутот ќе се продава по нова цена

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а цениte на бензините, дизелот и на eкстра лесното масло за домаќинство остануваат исти (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Килограм мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на еуросупер БС – 95 ( 81 денар за литар) на еуросупер БС – 98 (83 денари за литар)  и на еуродизел БС ( 74 денари за литар).

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати  и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ