вторник, 28 јануари 2025

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониска цена

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, еуродизел (Д-Е V) поевтинува за 1,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 80 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 82, еуродизел БС (Д-Е V) за 74,5, а екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

За 1,042 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 45,63 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ