петок, 18 октомври 2024

„Поврзување“ – изложба во Пазарџик на македонски и бугарски уметници

Во Уметничката галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик вечер ќе биде отворена ликовната изложба „Пред екранот“, составена од дела на 21 автор од Македонија и Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Структурата на претставените автори се состои од три дела. Првиот го сочинуваат авторите од неформалната група „Конекција“ – ликовните уметници од Македонија, кои живејат и работат во Бугарија: Маријана Иванова, Зоран Мише, Марјан Ѕингаров, Перица Георгиев – Пепси, Кољо Мишев, Павел Целкоски и д-р Иво Пецов, којшто е иницијатор и куратор. Втората структурна единица ја оформи кураторот Горанчо Георгиевски со македонските современи уметници: Жанета Вангели, Ирена Паскали, Моника Мотеска, Ѓорѓе Јовановиќ, Зени Балажи, Вана Урошевиќ и Иванчо Талевски. Третиот дел од седум бугарски современи автори го состави д-р Сузана Николова и тоа: Богдан Александров, Елизар Милев, Емил Бачијски, Иво Бистрички, Карина Попова, Свилен Стефанов и Слав Недев.

Како што информира Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република  Македонија во Софија, дел од делата се создадени конкретно за оваа изложба.

„Значителен дел од нашите животи поминуваат пред екран. Во ерата на технологијата и информацијата, човекот е како култура за обработка, како поле на кое се сеат различни туѓи претстави и се одгледуваат од самиот човек како свои. Во време кога говориме за информација и дезинформација, од каде произлегува нашето мерило за вистината? Дали сме сигурни дека сме ги граделе своите претстави на базата на информацијата и не сме биле дезинформирани? Кој го искривува или крши огледалото на општата реалност, за да ја гледаме истата во толку многу варијанти, кои дури се исклучуваат една со друга? Дали знаеме кој нѐ води низ лавиринтот на животот, правејќи ги своите избори, или сето тоа се само надворешно уфрлени програми, а ние не сме нешто повеќе од машини, кои се потчинуваат на своите програмери и механички делови? Тоа беа прашањата на кои уметниците се обидоа да ги дадат своите визуелни одговори, а тие беа реализирани во најразлични ликовни техники: масло на платно, акрил на платно, комбинирани техники, графики, изработени со примена на класичните графички техники, дигитална графика и печат, скулптури од метал и стакло, фотографии, просторни и видео инсталации, како и звучна уметност“, се наведува во соопштението на иложбата на КИЦ на Македонија во Софија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ