среда, 20 ноември 2024

Очекувам120-те пратеници да имаат доблест и храброст и да гласаат за уставни измени, рече премиерот

Објавено на

часот

Сподели

„Владата вчера информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог иницијатива за уставни амандмани дека одлуката едногласно е донесена и доставена вчера до Собранието. Собранието согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, потоа и на пленарна седница. Бидејќи евроамбасадорот е тука, многу јасно кажува дека сега од нас зависи, од одлуките коишто ние ги носиме, како и на кој начин и колку брзо ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција“, рече Ковачевски одговарајќи на прашање поизјавите што ги даде заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми во рамки на теренската посета на делницата Градско – Дреново на кракот 10 д (Xd) на паневропскиот Коридор 10. 

Во врска со споената концесија за рудните во струмичкиот регион во полза на компанијата Еруомакс, Ковачевски повтори дека министерот за економија ќе ја информира Владата за сите постапки пред Управниот и другите судови, за целата документација.

Ковачевски нагласи дека ќе бидат земени предвид укажувањата од граѓаните и дека ако не сакаат, рудници нема да има.

„Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори за одлуката што ја донесе Владата, дека Министерството за економија на наредната седница треба да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки водени од 2012 година до денес. Врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одулуки за иднината. Притоа ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните, јас тоа јасно сум го кажал од првиот ден, дека рудници може да има има само со согласност на граѓаните, ако се против, не може да има. Тоа не беше случај со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која имаше издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај. Значи, кога ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот ќе ги сподели со сите медиуми“, истакна Ковачевски. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ