сабота, 28 септември 2024

Обвинителството да истражи од каде Филипче има 5 стана во Скопје, џип и хациенда, бара Лефков

Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа, институциите да не чекаат и да почнат да постапуваат, побара денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери, обвини денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот и член на ИК на партијата, Миле Лефков. Тој рече и дека за проневерите се покренати постапки пред надлежните органи, но тие споро реагираат.

„Фирми блиски до СДСМ свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ, преку РЕК, здравството, каде жареше и палеше Венко Филипче. Државниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година, кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи“, рече Лефков.

Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро, додаде тој, и не гледа тоа што целата јавност го гледа.

Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат – рече Лефков.

Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, повтори Лефков, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР.

„Институциите да не чекаат и да почнат да постапуваат“, побара Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ