недела, 20 октомври 2024
Измените на Кривичниот законик на дело

Обвинителство бара повторно одлучување за процесот Талир 2, одбраната бара да се констатира застареност

Објавено на

часот

Сподели

Случајот „Талир 2“, за кој првостепено беа осудени екс премиерот во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски за изградбата на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, најверојатно ќе биде вратен од почеток.

Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот Талир 2 предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов вели дека апсолутна застареност со измените на КЗ настапила во јануари годинава, но и дека сега делото залоупотреба на службената положба и овластување го нема во измените.

„Мислам дека во конкретниот случај и конфискацијата на имотот веќе не може да постои. Мислам дека не можеше никогаш да постои, но сега уште повеќе. Не знам оваа пресуда дали треба да се укине или едноставно со примена на новиот КЗ да се констатира апсолутна застареност на гонење“, изјави Миланов.

Пресудата за Талир 2 Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која Груевски и Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и градежната фирма Бетон и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на зградата која е партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ