понеделник, 25 ноември 2024

Обезглавено тело на дете пронајдено на плажа во Шпанија

Објавено на

часот

Сподели

Телото е пронајдено во Рода де Бера, приморски град на златниот брег на Шпанија меѓу Тарагона и Барселона, а му припаѓало на дете на возраст меѓу две и три години, се вели во соопштението на градското собрание.

Надлежните изјавиле дека телото е во поодмината фаза на распаѓање и дека детето било облечено во облека „не типична“ за плажа.

Градоначалникот Пере Вирџили изјави за радио станицата РАЦ1 дека една од теориите што ја разгледуваат властите е дека станува збор за дете мигрант што се удавило во морето додека се обидувало да стигне до Европа. Детето можеби било на еден од двата брода со мигранти кои се превртеле во Средоземното Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ