Бајден направи грешка за време на последниот ден од самитот на НАТО во Вашингтон, само еден час пред неговата прес-конференција „да се биде или не“ за неговата кампања, бидејќи се поголем број политички сојузници и донатори го повикуваат да се повлече од трката за новиот мандат на шеф на државата.
Завршувајќи ја својата воведна изјава, Бајден му даде збор на Зеленски, велејќи: „Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст колку што има решителност“, потоа додаде: „Дами и господа, претседателот Путин“.
Зеленски, како што наведуваат западните медиуми, останал целосно зачуден откако Бајден го нарекол со името на рускиот претседател против кого војува.
Бидејќи имаше негодување во публиката, Бајден ја сфати грешката и се исправи велејќи: „Ќе го победиме претседателот Путин, претседателе Зеленски“ и „Толку сум фокусиран да го победиме Путин“.
Подоцна, на прес-конференцијата по самитот на НАТО во Вашингтон, Бајден направи уште еден лапсус: „Слушајте, јас немаше да ја изберам потпретседателката Трамп за потпретседател ако таа не беше квалификувана да биде претседател, па да почнеме со тоа“.
Бајден го изјави ова како одговор на новинарско прашање на Ројтерс дали има доверба во Камала Харис, актуелниот потпретседател на САД.
Новите лапсуси на 81-годишниот американски претседател дополнително ќе ја поттикнат загриженоста за неговиот ментален капацитет и веројатно дополнително ќе ја загрозат неговата претседателска кампања, според Ројтерс.
Агенцијата додава дека секоја изјава на американскиот претседател, кој пелтечел како дете, внимателно се следи по неговиот слаб настап во дебатата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.
Неколку демократски сенатори и претставници на Претставничкиот дом побараа од Бајден да се повлече од изборната трка по дебатата.
🇺🇸🇺🇦 ‘And now I want to hand it over to the President of Ukraine… ladies and gentlemen, President Putin.’
Yep, an instant top 10 Biden mess-up. pic.twitter.com/TXrEuGSL7l
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) July 11, 2024