петок, 1 ноември 2024

Нова тура обрасци за лични документи ќе стигне за четири месеци, кажа вицепремиерот Маричиќ

Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши, изјави вечерва првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Маричиќ кажа дека државава никого не известила дека македонските патни исправи не важат, туку едноставно стапиле на сила роковите од Преспанскиот договор од пет години.

„Ние треба да гледаме од аспект на граѓаните. Со законот само дополнително се внесува правна несигурност и проблеми на границите може да имаат граѓаните. Сѐ додека немаме официјално известување од ниту една држава членка на ЕУ дека може да се патува со стариот пасош, граѓаните можат да се соочат на било кој граничен премин со проблем да бидат запрени. Зошто да ги доведуваме граѓаните во една непријатна ситуација, дополнително да бидат во неизвесност на граничните премини, дали ќе поминат или не“, изјави тој вечерва во готување на Телма.

Истакна дека за враќање во државата најсигурно е со патен лист така никој нема да им прави проблем на граѓаните.

„Врз основа на статистиката до сега имаме издадено околу 1.350.000 пасоши, овој месец заклучно со оваа недела се пристигнати речиси 300.000 нови обрасци. Тие обрасци обезбедуваат една динамика за секој да се печатат пасоши до јуни. Тоа значи дека на 1.350.000 ќе се додадат уште 300.000. Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши. Што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши“, рече Маричиќ.

Тој кажа дека возачката дозвола да може да се користи надвор од државата и тоа заедно со меѓународна возачка дозвола.

„Измените што ги направивме за возачките и за сообраќајните дозволи, се исклучиво со намера за домашна употреба да го намалиме притисокот, односно да има доволно време, затоа што дневниот притисок не е ист како за пасошите, не патуваат толку голем број граѓани надвор од државата, колку што возат автомобил, и не можеме да ги споредуваме“, рече Маричиќ.

Посочи дека измените се од практични причини за да се стигне со возачките и со сообраќајните дозволи до крајот на оваа година да се комплетира и таа обврска од Преспанскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ