Денвер во втората четвртина имаше предност и од 21 поен разлика, беше 53-32, но успеа да го прокоцка големото водство и да ѝ дозволи на Минесота да го сврти мечот и да поведе. Сепак финишот им припадна на Јокиќ и соиграчите кои не дозволија изненадување и дојдоа до триумф од 122-113.
Никола Јокиќ постигна 27 поени, имаше девет скокови и девет асистенции, Џемал Мареј реализираше 40 поени, тој беше најефикасен кај Денвер. А поен повеќе од него постигна кошаркарот на Минесота, Едвардс.
Мемфис со 103-93 го победи Лејкерс и изедначи на 1-1. Домаќините ја добија првата четвртина со 30-19 и до крајот ја одржуваа предноста не дозволувајќи му на противникот да се понадева на втора победа. Најефикасен кај Мемфис беше Тилман со 22 поени, имаше и 13 скокови, во составот на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 28 поени, имаше и 12 скокови.
Милвоки не дозволи ново изнанедување, го победи Мајами со 138-122 со одлична тимска партија во која немаше поединец од нивниот тим кој се истакна над другите. Најефикасен во победничкиот тим беше Конаугтон со 22 поени, дури тројца кошаркари на Мајами беа поефикасни од него, Батлер и Лопез постигнаа по 25 поени, Холидеј реализираше 24, имаше и 11 асистенции.
Резултати: Мемфис – ЛА Лејкерс 103-93 (1-1), Милвоки – Мајами 138-122 (1-1), Денвер – Минесота 122-113 (2-0).