„Пред некој ден сними едно скапо видео. Видеото го сними скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него. Само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2.200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил што кој било политичар во Македонија го поседува. Јас искрено не знам ни марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото кое го има на пазарот. Е во такво возило се вози мојот противкандидат, јас се возам во шкода вака за споредба“, рече Николоски за неговиот противкандидат од митингот во Ново Село.
Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.
Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило кое чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува ни од министерска плата, ниту со докторска плата…се заработува исклучиво од криминал и корупција“, ја пренесе ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Николоски.