среда, 11 декември 2024

Скопје ги доби шесте еколошки автобуси од ЕУ

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

„ Оваа активност која денеска ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра, којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето  на граѓаните“, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михаил Рокас, на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во Дирекцијата на ЈСП.

Проектот, како што додаде, ги опфаќа градовите Битола, Куманово, Скопје и Тетово, односно оние кои се соочуваат со зголемено аерозагадување.

„ Транспортот е причина за големото количество емисии на јаглерод диоксид којшто го испуштаме во атмосферата. На овој начин овозможуваме граѓаните да можат да го користат јавниот превоз, наместо поединечни возила. Мора да го направиме јавниот транспорт колку што е можно помалку да загадува“, нагласи Рокас.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека донацијата од Европската Унија е успех на Град Скопје, изразувајќи надеж дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.

„ Ова е навистина голем успех на Град Скопје и доказ дека кога нашата градска администрација не е блокирана е способна да спроведе нешто кое што е бенефит за градот Скопје и за целата држава. Се надевам денеска со овој проект ќе ги мотивираме сите чинители и оние советници на Град Скопје коишто треба да гласаат за да има уште 250 вакви еколошки автобуси“, рече Арсовска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ