среда, 4 декември 2024

Авионска линија Прага-Скопје и партнерства на универзитетите за продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Чешка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, која престојува во официјална посета на државава.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, се разговарало за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Посебен акцент бил ставен на иницијативата на министерката Божиновска за воспоставување директна авионска линија Прага-Скопје, која би ја олеснила поврзаноста меѓу двете земји, поттикнувајќи ја соработката во трговијата, туризмот и бизнисот.

Министерката Божиновска ги потенцирала можностите за проширување на соработката со чешки компании во областа на енергетиката, со акцент на вложувања во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската инфраструктура и воведување иновативни технологии.

Во текот на средбата била разгледана и можноста за воспоставување партнерства помеѓу чешките универзитети и македонските образовни институции, со цел размена на знаења, заеднички истражувачки проекти и отворање на нови можности за студентите од двете земји.

Оваа средба, како што се наведува во соопштението, претставува уште еден чекор во градењето на посилни билатерални односи и продлабочување на пријателството меѓу Чешката Република и Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ