петок, 29 ноември 2024

Нигерија: Најмалку 22 лица загинаа при уривање на училишна зграда

Најмалку 22 лица загинаа во централна Нигерија откако училишна зграда се урна за време на наставата, соопштија вчера локалните власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според официјални извори, околу 130 лица се згрижени во околните болници, најголем број од жртвите се ученици и вработени во училиштето.

Зградата е дел од средното училиште „Сент Академија“ во градот Џос и се урна за време на наставата, рече Муса Ибрахим Ашомс, службеник за информации и комуникации во Централната држава Плато.

Бројот на загинати може да се зголеми, се верува дека во урнатиот дел од зградата имало околу 200 ученици. Спасувачите бараа преживеани во урнатините.

Училиштето се урна по еден ден обилен дожд во регионот. Покрената е истрага за точните причини за уривањето.

Во последниве години во Нигерија се случија неколку големи уривања на згради, што резултираше со многу жртви, често поради лоша градба, употреба на неквалитетни материјали и корупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ