„Со обединувањето на опозициските сили сметаме дека e во наша полза разликата меѓу гласовите на опозицијата и гласовите на партиите во Владата кои се со ДУИ. Нашата позиција сега ќе биде посилна како во мандатите така и при гласањето, а тоа ќе ја оневозможи ДУИ да продолжи да биде во Владата“, рече Касами.
Владата нема доволно гласови за уставни измени што ја прави ситуацијата неодржлива и се гледа потребата да се одржат парламентарни избори, рече Касами.
Лидерот на Беса направи и мала анализа и рече дека ДУИ нема да може повторно да повтори стари постизборни резултати.
„Ако ги анализираме локалните избори, опозициските партии имаа повеќе гласови од ДУИ. А, во 2016 година ДУИ доби 10 мандати со 86 илјади гласови, додека опозициските партии исто така добија 10 мандати, но со 126 илјади гласови. Опозициските гласови секогаш тежеле повеќе, но ДУИ го искористи партнерството со македонските партии и стана дел од владата“, изјави Касами.
Инаку, завчера вечерта во Скопје дојде до средба на лидерите на Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши со лидерот на „огнентата група“ Изет Меџити кој тој ден попладнето најави формирање на политички субјект на 13 август. На средбата, како што објави МКД.мк станало збор за заедничко политичко дејствување и настап со заеднички листи на парламентарните избори.
„Договорено е да се организира уште една средба во текот на идната недела на која уште еднаш ќе се разгледа позицијата на трите опозициски субјекти, во текот на првата недела од август работно да се разработат договорените точки од таа втора средба, а по 13 август, кога Изет Меџити и официјално ќе го промовира новиот политички субјект и неговото име, ќе биде организирана уште една средба. Тогаш, очекувањата наши се да се направи договор за заедничко дејствување до изборите и веројатно ќе падне договор на изборите, кога и тие да се одржат, да се оди со заедничка листа“, изјави за МКД.мк партиски извор.
Инаку, лидерот на Беса вечра беше во Драч, Албанија, каде учесетвувал на „Летната академија за лидерство и културно наследство“, организирана од Центарот за меѓународни односи и балкански студии.