недела, 20 октомври 2024

Независни за Карпош демантира дека нивната советничка во Карпош работела незаконски

Категорично го демантираме обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нашата советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на Општина Карпош на денешната прес конференција. Бараме јавно извинување, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета, реагираат од невладината Независни за Карпош откако денеска вработени во општината на прес конференција обвинија дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, како и членовите на Советот од Независни за Карпош и од Левица, Невена Георгиевска и Бранко Ристов работат несовесно и противзаконски.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која поднесе скоро 4.000 амандмани на Буџетот, со цел негово блокирање, градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината  непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени. Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега“, реагираат од Независни за Карпош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ