сабота, 27 јули 2024

Протестираа вработените во Општина Карпош, нема пари за работа ниту за училиштата и градинките

Вработените во администрацијата на Општина Карппош денеска излегоа на протест за да го изразат своето незадоволство и стравот од последиците поради недонесувањето на буџетот на Општина Карпош за 2024 година и нагласија дека од 1 јануари поради тоа нема пари за никаква работа и обврска. Причина за тоа, како што беше истакнато, е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот – на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Роберт Вељановски, Марјан Стефановски, Адријана Јакимовска Панчевска, Благица Цветановска, Христо Саракинов и Давор Грче, како и членот на Советот од Независните за Карпош, Невена Георгиевска и претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, претставник на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа нивна непромислена одлука, која е спротивна на уставниот поредок на Републиката, спротивна на законските одредби и спротивна на Деловникот за работа на Советот на Општина Карпош, го доведува под знак прашалник целокупното функционирање на локалната самоуправа. Со овој нивен чин, тие докажаа и покажаа дека работат спротивно на интересите на граѓаните од кои ги добија мандатите“, рекоа вработените на протестот.

Блокирањето на општинскиот буџет од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коaлицијата, повлекува низа на сериозни проблеми со кои ќе се соочат сите граѓани на Карпош и тоа во најтешкиот и најдолгиот месец во годината, беше посочено и нагласено дека помеѓу другото, редовното функционирање на Општината го подразбира следното:

  • Одржување на хигиената на јавните површини;
  • Одржувањето на урбаната опрема и детските игралишта;
  • Доведени се во прашање и одржувањето на уличното осветлување;
  • Тековното одржување на сервисните општински улици и инфраструктура, односно водоводот, атмосферската и фекалната канализација;
  • Одржување на коловозот во зимски услови, односно чистење на снегот, (на само неколку дена пред најавата за обилни врнежи од снег).

Според вработените кои излегоа на протестот, членовите на Советот кои ја предизвикаа ваквата ситуација со тоа го одзедоа правото на граѓаните, дефинирано во Уставот како неприкосновено право на локална самоуправа.

Тие, како што уште беше нагласено, го доведоа во прашање функционирањето на Општина Карпош, исто така, тие со нивното незаконско работење ги доведоа во прашање платите на вработените во општината, градинките и училиштата, ги доведоа во прашање и договорите на привремено вработените во општината, училиштата и градинките.

Овие членови на Советот, беше кажано на протестот, го загрозија и правото на децата на предучилишно згрижување и воспитување, како и правото на децата жители на општината на основно образование, а со нивното несовесно и противзаконско работење, го доведоа во прашање фукционирањето на Општина Карпош во секоја смисла на зборот.

„Што значи тоа? Тоа значи дека општината од 1 јануари 2024 година нема основ ниту пак средства да ги плати редовните режиски трошоци (телефон, струја, вода, греење) во општинските објекти, како и во училиштата и градинките. На тој начин на општинската администрација ќе и биде оневозможено правото на работа и извршување на работните обврски, бидејќи ќе бидеме лишени од основните услови за работа. Со тоа, општинската администрација не може повеќе да биде сервис на приближно 70.000 жители на Општина Карпош“, им беше изјавено на новинарите.

Од протестот му беше порачано на Јавното обвинителството да преземе мерки против, како што беше нагласено, незаконското и злонамерно работење на претседателот на Советот и повеќекратните штети предизвикани со неговиот неодговорен однос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ