По престојот во Италија, Несторовски одлучи да се врати во Хрватска и одлично ја започна оваа епизода од својата кариера.
Денеска тој беше стрелец во натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Хрватска. Голот македонскиот напаѓач го постигна во 55. минута од средбата.
Тоа беше и единствениот гол на мечот, неговиот тим победи со 1-0 на гостувањето кај Кустошија.