понеделник, 18 ноември 2024
Гостиварскиот градоначалник со изјава

Нема Бадентер по желба, Таравари се жали дека Македонците не даваат да преименува улици

Објавено на

часот

Сподели

Таравари, чија партија е дел од власта, вели дека и во Гостивар имало иницијативи за промена на имиња на улици, но нагласува дека сите пропаднале бидејќи не биле поддржани од советниците на немнозинските заедници.

„Го поздраувам преименувањето на улица во Чаир во Адем Демачи и посакувам да ги смениме имињата на улиците во што повеќе општини. Оваа иницијатива ја покренавме и во Гостивар, но не успеавме поради ‘Бадентер’. Посакувам и се надевам дека во иднина ќе ги менуваме и имињата на некои улици во градот Гостивар“, изјави Таравари за весникот Лајм.

Инаку, во општините каде има над 20 проценти жители од немнозинската етничка заедница во конкретната општина, некои од одлуките кои се носат, а ги засегаат сите националности, мора да се носат со двојно гласање – прво се бара мнозинство од вкупниот број советници, а потоа гласаат советниците кои имаат различна етничка припадност од мнозинската во општината. Така, во општините каде мнозинство се Македонците, при второто гласање се изјаснуваат советниците кои не се Македонци, и е потребно мнозинство од нив да ја поддржи одлуката. Таму каде што мнозинство се пак Албанците, по Бадентер гласаат Македонците и припадниците на другите неалбански етнички заедници. 

Во Гостивар Албанците се мнозинска етничка заедница, а немнозинска се Македонците, Турците, Ромите, Србите и припадниците на други националности.

Со прашање дали е почитуван бадентеровиот принцип деновиве како реакција на преименувањето на ул.Втора македонска бригада во Чаир во ул. Адем Демачи се огласи и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир, се наведува во реакцијата од Пендаровски, е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.

„Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“, стои во реакцијата од претседателот на државата Стево Пендаровски.

                                                                                                                         П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ