вторник, 24 септември 2024

Неколку места во Скопје утре ќе бидат без струја

Корисниците од населбите Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово утре од 6:00 до 7:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Објавено на

часот

Сподели

Утре од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населените места Кожле, Бадар, Катлановско Блаце, како и тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од улиците Наум Чакаров и Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ