недела, 20 октомври 2024
Со недели ги полни насловните страни во Бразил

Нејмар продолжува да прави скандали, се степал во ноќен клуб во Рио де Жанеиро!

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар повторно е во фокусот на јавноста поради работи кои не се поврзани со фудбалот, напаѓачот направил тепачка во ноќен клуб во Рио де Жанеиро.

Ѕвездата на ПСЖ заедно со својата девојка Бруна Бјанкарди билe на концерт на Тијагињо, каде влегол во недоразбирање со едно лице. Дошло до туркање и влечење, по што морало да реагира обезбедувањето и да ја смири ситуацијата.

Претходно Нејмар ги поленеше насловните страни во Бразил поради тоа што ја изневерувал бремената девојка, а имаше и проблеми со законот, доби милионска казна откако си направил вештачко езеро на својот имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ