понеделник, 28 октомври 2024
Бразилецот скоро една година е зад решетки во Шпанија

Нејмар одвоил богатство за да му помогне на пријателот Дани Алвеш

Медиумите од Бразил откриваат дека Нејмар му помогнал на својот пријател Дани Алвеш и му префрлил 150.000 евра за процесот во кој поранешниот десен бек е обвинет за сексуален напад.

Објавено на

часот

Сподели

Дани Алвеш од 20. јануари 2023 е зад решетки во Шпанија, Бразилецот е обвинет за сексуален напад врз девојка во ноќен клуб во Барселона.

Судењето треба да почне во февруари, а како што пренесува УОЛ, Дани Алвеш стапил во контакт со совјот пријател Нејмар и побарал финансиска и правна помош.

Па таткото на Нејмар му префрлил 150.000 евра, пари кои биле за „компензација за ублажување на предизвикана штета“, на овој начин, казната на Дани Алвеш ќе се намали доколку тој на крајот биде прогласен за виновен.

Имотот и средствата на Дани Алвеш се замрзнати по разводот со неговата поранешна сопруга Динора Сантана, која го тужи екс-играчот на Барселона дека не плаќал алиментација, па затоа Нејмар помогнал финансиски.

Фудбалерот на Ал Хилал исто така помогнал и со правна помош, односно адвокатот од доверба на семејството Нејмар, Густаво Ксисто почнал да го застапува Дани Алвеш, и се обидува да го извади од проблемите во кои западнал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ