Рано утрово во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М. (63) од Штип, поради тоа што вчера во семејниот дом упатувал закани на својата 66-годишна сопруга.
М.М. (24) од Скопје вчера пријавила дека на подрачјето на Општина Аеродром била нападната од А.С.(29) од Скопје.
Вчера полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.С. (31) од Скопје, по претходна пријава дека на 26 октомври во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга.
Д.Д. (42) од село Стајковци, Скопско, пријавил дека во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од А.Н. (36) од Скопје.
33-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 19 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Д. (42) од Скопско.
Во Сарај полицијата го привела Џ.М.(48) од село Крушопек, Скопско, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга.