понеделник, 28 октомври 2024

Не можат повеќе да го толерираат, Манчестер јунајтед му врачи отказ на Тен Хаг

Манчестер јунајтед попладнево соопшти дека тренерот Ерик тен Хаг добил отказ, Руд ван Нистелрој ќе биде привремено решение додека да се именува нов предводник.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ не можат повеќе да го толерираат Ерик тен Хаг, па откако резултатите не се подобрија, попладнево пристигна информација дека Холанѓанецот добил отказ.

„Ерик тен Хаг ја напушти позицијата тренер на првиот тим“ – гласеше известувањето на клубот од Олд Трафорд.

Руд ван Нистелрој ќе биде привремено решение додека да се именува нов предводник на Манчестер јунајтед.

Ерик тен Хаг беше именуван за тренер на „ѓаволите“ во април 2022 година, освои по еден трофеј во Лига Купот и ФА Купот, но резултатите во Премиерлигата и Европа се далеку под очекувањата и разделбата беше неминовна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ