Тимот на Навални вчера соопшти дека е пронајден, откако на 11 декември соопштија дека исчезнал и дека не е во затворот каде што бил.
„Патувањето до новиот затвор траеше 20 дена и беше напорно. Како и да е, не грижете се за мене. Добро сум. Ми олесна што конечно пристигнав“, изјави Навални на социјалната мрежа Икс.
Портпаролката на Навални, Кира Јамиш, вчера изјави дека тој се наоѓа во населбата ИК-3 Харп во автономната област Јамало-Ненец. Ова место е оддалечено повеќе од 3000 километри од Москва и се наоѓа на Арктикот.
1/9 I am your new Santa Claus.
Well, I now have a sheepskin coat, an ushanka hat (a fur hat with ear-covering flaps), and soon I will get valenki (a traditional Russian winter footwear). I have grown a beard for the 20 days of my transportation.
— Alexey Navalny (@navalny) December 26, 2023
Тој претходно беше во затвор на 241 километар од Москва. Јамиш рече дека адвокатот денеска го посетил Навални и дека на затворениот политичар му оди добро. Во објавата на Икс, Навални ги опиша суровите временски услови во новата затворска колонија.
„Сега имам палто од овча кожа, ушанка (крзнена капа со клапи за уши), а наскоро ќе добијам и валенка (традиционални руски зимски обувки). Трансферот од 20 дена беше напорен“, објави Навални кој се пошегува дека личи на Дедо Мраз.
Новиот дом на затворениот руски политичар, познат како колонија „Поларниот волк“, се смета за еден од најтешките затвори во Русија, пишува Ројтерс. Поголемиот дел од затворениците таму се осудени за тешки кривични дела. Оваа недела температурите во тој дел на Русија ќе се движат околу минус 28 степени Целзиусови.