„Собранието да ги усвои уставните измени за автоматско и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, без дополнителни одлуки од страна на земјите членки“, пишува во манифестот.
„Тоа е уште еден криминален обид да се дојде до промени во Уставот на Македонија со што ќе се вметнат бугарските окупатори, неонацисти и неосталинисти во него. Со вметнувањето на овие докажани рушители на Македонија, потпомогнати од домашната пета колона, ќе се отворат ширум портите, првин за федерализација, a потоа за поделба на Македонија, и на крајот ќе се доврши нејзиното целосно исчезнување. Не на големобугарскиот неонацизам/неосталинизам и на големоалбанските балисти.
Македонците мора да кренат глава и да кажат НЕ на овој нов клин во интегритетот и целовитоста на нивната држава. Ако сега не кажат кога ќе кажат? Ако не го сторат тпоа денес, кога ќе го сторат тоа?“, прашува Пановски.