сабота, 26 октомври 2024

НАТО спрема спас за Ѓукановиќ, би можел да стане заменик генерален секретар

Поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е кандидат за заменик на генералниот секретар на НАТО, пишуваат турски медиуми повикувајќи се на свои извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува сајтот Фиртина хабер, главната функција во западниот воен пакт повторно ќе им биде доделена на „старите“ членки на НАТО, додека кандидат од Источна Европа има шанси да биде заменик на генералниот секретар.

Претстојниот самит на НАТО во Вашингтон во јули би требало да биде местото каде ќе се расправа за новиот лидер, а на актуелниот шеф на Алијансата Јенс Столтенберг мандатот му истекува на 1 октомври.

„Речиси е извесно дека доскорешниот премиер на Холандија Марк Руте ќе стане генерален секретар на НАТО. За сега 29 од 32 членки стојат зад кандидатурата на Руте, секако и најважниот глас на САД“, пишува турскиот портал.

„Едно име од неодамна се појавува како солиден кандидат за должноста заменик на генералниот секретар, која во претходните пет години ја вршеше поранешниот шеф на романската дипломатија Мирчеа Џоана. Станува збор за поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, долгогодишен лидер на балканската земја кој одигра пресудна улога во пристапувањето на Црне Гора во НАТО и покрај тоа што беше бомбардирана од западниот воен сојуз“, истакнува турскиот сајт.

Според овој медиум, зад кандидатурата на Ѓукановиќ стојат девет членки на НАТО, меѓу кои и Турција, а во тек се подготовките за кандидатурата.

Оваа вест доаѓа само неколку недели откако хрватски медиуми објавија дека е можно апсење на Ѓукановиќ, имајќи предвид дека неодамна беа уапсени негови блиски соработници како Зоран Лазовиќ и долгогодишниот специјален државен обвинител Миливој Катниќ, но и враќањето на бизнисменот Душко Кнежевиќ во Црна Гора кој тврди дека има докази против Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ