четврток, 21 ноември 2024

НАСА објави неверојатна фотографија од Уран, се гледаат прстените, месечините, бура…

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (ВТЏВ) неодамна снимил неверојатна фотографија од Уран, каде што може да се видат неговите правливи прстени, бурите што беснеат низ атмосферата и поларната капа. НАСА сега објави подобрена верзија на сликата, со повеќе бранови должини, на која може да се видат и некои од 27-те месечини на Уран.

Објавено на

часот

Сподели

Многу е тешко да се видат прстените околу Уран со повеќето телескопи бидејќи се состојат од темни карпи и прашина, кои рефлектираат многу малку сончева светлина. Пред ВТЏВ, само два телескопи ги имаа директно снимено; еден на вселенското летало Војаџер 2 во 1986 година и опсерваторијата Кек на Хаваите.

Но, ВТЏВ е посебен уред. Станува збор за револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп од девет милијарди долари, кој е сто пати почувствителен од телескопот Хабл. Вселената ја набљудува главно во инфрацрвениот спектар, поради што може да продре низ „темните“ облаци од гас и прашина. Хабл работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

На новообјавената фотографија, заедно со прстените, можеме да видиме и 14 од 27-те природни сателити што кружат околу ледениот џин: Оберон, Титанија, Умбриел, Јулија, Пердита, Розалинда, Пак, Белинда, Дездемона, Кресида, Ариел, Миранда, Бјанка и Порција.

д

Впечатлива е и сезонската поларна капа на северниот пол на планетата. Во близина на јужната граница на поларната капа и под неа, може да видиме неколку „светли“ облаци, кои веројатно биле предизвикани од силни бури во атмосферата на овој студен, синкав џин.

Уран е околу четири пати поголем од Земјата. Кога Земјата би била голема како поголемо јаболко, Уран би бил со големина на кошаркарска топка. Му требаат околу 17 часа за да се сврти околу својата оска и околу 84 Земјини години за да направи круг околу Сонцето.

Оваа планета спаѓа во категоријата ледени џинови, кои, како и гасните џинови (Сатурн, Јупитер), немаат дефинирана површина. Поголем дел од неговата маса се состои од густа течност од „ледени“ материјали – вода, метан и амонијак. Неговата атмосфера е составена главно од молекуларен водород и атомски хелиум, плус малку метан.

Зошто Уран е син?

Метанот во горната атмосфера ја апсорбира црвената светлина на Сонцето, а ја рефлектира сината светлина на нашата ѕвезда во вселената. Затоа Уран има карактеристична синкава боја. Интересно е што околу него се вртат огромен број месечини – дури 27, а се именувани по ликови од делата на Вилијам Шекспир и Александар Поуп.

Поради големата наваленост на неговата оска на вртење, од околу 98 степени, Уран ги има најекстремните годишни времиња во Сончевиот систем. Речиси четвртина од секоја уранска година Сонцето осветлува еден од неговите полови, додека другиот пол за тоа време останува потонат во мрачна зима долга 21 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ