четврток, 24 октомври 2024

Нападнати три села во Буркина Фасо. Убиени се околу 170 лица, меѓу кои многу жени и деца

Околу 170 лица биле убиени пред една недела во напад на непознати напаѓачи врз три села на северот на Буркина Фасо, јави денеска АФП, повикувајќи се на регионалниот обвинител.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителот Али Бенџамин Кулибали соопшти дека на 25 февруари бил информиран за „големи смртоносни напади“ врз селата Комсилга, Нодин и Сорое, во провинцијата Јатенга на северот на земјата.

Според првите информации, додаде тој, биле убиени 170 лица, многу се ранети, а направена е и материјална штета. Меѓу жртвите има многу жени и деца. Обвинителот рече дека побарал од правосудната полиција да покрене истрага.

Минатата недела, во североисточниот дел на Буркина Фасо, 15 лица биле убиени во напад на католичка црква. Во последните три години, црквите се честа мета, а десетици верници биле убиени.

Од 2015 година, Буркина Фасо се бори против џихадистички напади поврзани со Ал Каеда и Исламска држава кои во изминатата деценија се проширени од соседно Мали.

Досега во нападите на исламистите загинале 20.000 луѓе, а два милиони се раселени. Повеќе од една третина од Буркина Фасо моментално е под контрола на исламистите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ