Ова е последен во низата напади со нож во најголемиот австралиски град оваа година.
Приведен е маж кој побегнал од местото на настанот, се наведува во полициското соопштение. Нема постојана закана за луѓето во Сиднеј, изјави министерката Јасмин Кетли за полиција на Нов Јужен Велс, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека никој не е убиен во нападот, што следуваше по „семеен“ инцидент во кој автомобил се судри со друго возило во јужното предградие Енгадин.
Напаѓачот „бил вооружен со она што ние веруваме дека е нож за сечење кутии“, изјави полицискиот началник Доналд Фолдс на прес-конференција.
Воздушните снимки од местото на настанот направени од страна на австралиската радиодифузна корпорација прикажуваат два судрени автомобили опкружени со полициска лента.
Mass Stabbing in Australia!!
5 people were wounded after a mass-stabbing attack in the Sydney suburb of Engadine in Australia.
One person has suffered a traumatic cardiac arrest.
One of the wounded is a police officer.
Reports, Suspect (Same as everywhere)is Arrested. pic.twitter.com/sTpg6OAz6q
— Jamin (@JaminrpP) August 25, 2024
Сиднеј, град со 5 милиони жители, забележа серија напади со ножеви оваа година, што ја натера владата на Нов Јужен Велс да ги заостри своите закони за употреба на ножеви.
Државниот парламент усвои закони во јуни со кои им се дава на полицијата електронски скенери за детектори за метал за да ги проверува луѓето без налог во трговски центри, спортски објекти и станици за јавен превоз.
Во април шест лица беа убиени, 12 повредени во напад со нож во трговски центар во областа Бонди во Сиднеј.