четврток, 24 октомври 2024

Најмалку 34 лица починале во Индија откако испиле токсичен алкохол, 80 се во болница

Најмалку 34 лица починаа откако консумирале токсичен нелегален алкохол во јужната индиска држава Тамил Наду, јавува Би-би-си. Инцидентот се случил во областа Калакуручи каде на неколку жители им се слошило откако консумирале алкохол во вторникот вечерта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 80 луѓе се лекуваат во болниците од прекумерна дијареа, а официјалните лица велат дека бројот на починати може да продолжи да расте. Досега се уапсени две лица, а во тек е и поширока истрага.

Поради невнимание, суспендирани се високи полициски службеници и десет членови на државниот одел кој се занимава со нелегален шверц на алкохол во земјата.

Секоја година, десетици луѓе во Индија умираат откако консумираат нелегален алкохол од зафрлени дестилерии.

Шверцерите често додаваат метанол во алкохолот – високотоксичен облик на алкохол кој понекогаш се користи како средство против замрзнување. Метанолот се додава во алкохолот за да се зголеми јачината на пијалакот.

Ако се проголта дури и во мали количини, метанолот може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт. Во Калакуручи, обвинетиот наводно ја продавал смесата во пакети преку локален продавач, според веб-страницата Њуз минит.

Оние кои го консумирале алкохолот почувствувале симптоми како вртоглавица, главоболка, повраќање, гадење, болки во стомакот и иритација на очите и биле однесени во болница.

Главниот министер на Тамил Наду, МК Сталин, најави компензација од 1 милион рупии (12.000 долари) за семејствата на оние кои починале по консумирање алкохол и 50.000 рупии за оние кои се хоспитализирани.

Опозициските партии ја критикуваат владата дека не успеала да го спречи влезот на токсичниот алкохол во земјата, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ