Портпаролот на агенцијата Махмуд Басал изјави дека во нападот што се случил синоќа загинале 12 лица, меѓу кои и жени и деца, додека 14 лица се водат како исчезнати и најверојатно се заробени под урнатините, пренесува Гардијан.
Пред тој инцидент, директорот на Агенцијата Ахмад ал-Кахлут изјави дека 18 лица биле убиени во неколку напади, вклучително и напади врз осум училишта во кампот, кои служеле како засолништа за раселените лица.
Several people have been killed there in Israeli 🇮🇱 attacks on a school being used as a shelter in Jabalia, Gaza 🇵🇸
At least 34 Palestinians have been killed across Gaza since dawn on Friday@AJEnglish Al Jazeera’s Moath Al Kahlut reports from inside Kamal Adwan Hospital… pic.twitter.com/UNTE6blJeH
— Saad Abedine (@SaadAbedine) October 12, 2024
Најмалку 110 лица се повредени во нападите што се случија во текот на денот.
Израелската армија тврди дека убила десетици милитанти во Џабалија, без да обезбеди докази.
Фотографиите што ги објавија медиумите од тоа подрачје покажуваат дека меѓу загинатите има многу деца.
Во меѓувреме, добротворната организација Лекари без граници соопшти дека илјадници луѓе се заробени во кампот, додека член на персоналот изјави дека луѓето кои се обидувале да заминат биле „застрелани“.
„Никој не смее да влезе ниту да излезе, а секој што се обидува да замине е застрелан“, напиша координаторката на проектот на Лекари без граници, Сара Вуилстек на социјалната мрежа Икс.
retrieving the martyrs and wounded from the Asaf massacre in the middle of Jabalia camp, north of the Gaza Strip by israeli’s pic.twitter.com/VmW8fflEa6
— shameen suleman (@shameensuleman) October 12, 2024
Пет работници на Лекари без граници се заробени во Џабалија, рече таа.
Лекари без граници за Ројтерс изјавија дека најмалку 61 Палестинец биле убиени вчера низ Појасот Газа.
Во израелската офанзива на северот на Газа, во која, како што пренесува Гардијан, цел на напад биле и болниците, загинале или биле ранети и новинари, медиумската куќа Ал Џезира оваа недела повторно го обвини Израел дека намерно ги нападнал откако двајца новинари на тој медиум беа тешко повредени.
Израел негира дека намерно гаѓал новинари.
Официјални претставници на ОН изразија загриженост дека тековната израелска офанзива и наредбите за евакуација во северниот дел на Газа може да ја нарушат втората фаза од кампањата за вакцинација против детска парализа, која треба да започне следната недела.
Групите за помош го спроведоа првиот круг вакцинации минатиот месец, откако во август беше откриено бебе делумно парализирано од вирусот на детска парализа тип два, прв таков случај на територијата во последните 25 години.