петок, 22 ноември 2024

Најмалку 19 Палестинци загинаа во израелско бомбардирање на станбени згради во Газа

Израелската војска повторно бомбардираше станбени згради во Беит Лахиа во Газа, при што загинаа најмалку 19 Палестинци, додека цивилите во опколениот северен град бараат преживеани по претходниот напад во кој загинаа речиси сто луѓе, пренесува Ал Џезира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Последното израелско бомбардирање во вторникот вечерта погоди неколку куќи во сопственост на семејството Ал-Лух, соопшти палестинската цивилна одбрана во Газа.

Нападот се случи помалку од 24 часа по бомбардирањето на петкатната зграда во сопственост на семејството Абу Наср во Беит Лахија, во кој меѓу 93 жртви има најмалку 25 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Израелската армија тврди дека ги „проверува извештаите за нападот“, а главниот сојузник на Израел – Соединетите Американски Држави – го нарекоа нападот „страшен“.

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права во соопштение изјави дека е „згрозена“ од бомбардирањето, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните поединечни напади во Газа во речиси три месеци.

Хуманитарната агенција на ОН потсетува дека нападот врз куќата на семејството Абу Наср е еден од седумте „инциденти со масовни жртви“ во Газа во изминатата недела.

Ескалацијата на израелскиот воздушен и копнен напад врз Беит Лахиа доаѓа во време на 26-дневна опсада на северниот дел на Газа.

Израелската војска соопшти дека ја започнала офанзивата за да ги спречи борците на Хамас да се прегрупираат на северот од територијата, и покрај тоа што претходно оваа година соопшти дека ја елиминирала палестинската група – која владее со Газа – во областа.

Според извештајот на палестинската цивилна одбрана, на северот на енклавата, повеќе од 100.000 луѓе се заробени без храна и вода, десетици од нив се затрупани под урнатините на бомбардираните куќи, но спасувачите не можат да стигнат до нив поради израелските опсада и напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ